Синхронизација
Со двонасочна синхронизација на продукти, клиенти, категории и нарачки се зголемува ефикасноста и се намалуваат грешките настанати при рачно внесување. Онлајн нарачките автоматски се импортираат од и кон Pantheon ERP, а залихите се синхронизираат автоматски од Pantheon ERP кон е-продавницата.
Маркетинг
Целосно конфигурабилни промоции со слајдери, производи на продажба, производи со тајмери, продукти со подароци, пакет продукти. Промоции и попусти врз основа на нивоата на залиха. Синхронизација, групирање и известување на клиентите, интеграции со Facebook Pixel, Google Analytics и Facebook Messenger. Интеграција на политиките за колачиња според последните GDPR полиси.
Продажба
Автоматско импортирање на сите нарачки во Pantheon ERP, автоматско креирање на нарачки кон добавувачи за продукти што не се на залиха. Модули што ги зголемуваат опциите за креирање на нарачки, понуди и работни налози. Напреден модул за анализи на продажби, клиенти и администратори, како и интеграција на Halkbank и Casys системи за онлајн плаќање.
Логистика
Листи на нарачки по продукти, групирање по статуси, начини на плаќање, начини на испорака. Автоматско креирање PDF листи за набавка, испорака и пакинг листи. Модул за интеграција со курир служби за испорака.
Он-лајн плаќања
Безбедна и лесна наплата на производите и услугите на е-продавницата. Овој модул ги интегрира плаќањата преку Halkbank и Casys системите, што го зголемува бројот на опции за плаќање на клиентите. Преку овој модул може да се зголеми приходот и да се забрза процесот на плаќање, што го прави одличен додаток за секоја е-продавница.
B2B канал
Регистрација на препродавачи со повластени цени. Автоматско преземање на цени од Pantheon ERP. Дефинирање на групи на клиенти со одреден рабат. Можност за преглед на документитеи уплатите во администраторски панел. Автоматско креирање фактури во Pantheon ERP за направени нарачки од клиент и известување за доспеани долгови.
Зошто токму нашето решение?
ГО РАЗБИРАМЕ ВАШИОТ БИЗНИС
Нашата компанија има посветен и креативен тим, кој е особено внимателен во разбирањето на потребите и целите на Вашиот бизнис. Работиме тимски и се прилагодуваме на Вашите потреби, за да обезбедиме комплетно решение, според Вашите специфични потреби и приоритети.
Решенија на кои се потпираат некои водечки брендови