Моќен и флексибилен

ERP систем

ERP систем

Кој им нуди на бизнисите алатки за ефективно управување со нивните операции, со над 80.000 корисници во различни индустрии.

Pantheon ERP е напреден ERP систем изработен во Словенија од компанија Datalab, пред 25 години, кој нуди комплетна дигитализација на Вашиот бизнис без разлика во која дејност работите.

Преку континуирано следење на трендовите во работењето, станува број 1 ERP систем во регионот, а последните години успешно се шири и низ Европа. Во моментов го користат преку 80.000 компании и оваа бројка експоненцијално се зголемува. Тоа што го прави овој систем уникатен е неговата модуларност и можност да се прилагоди во секакви индустрии, од најмали бизниси до големи компании со сложени процеси и процедури.

Освен имплементираните функционалности, отворен е за надворешни решенија, со што многу компании го прилагодуваат во разни бизнис сегменти. Ефикасно се имплементира во малопродажба, големопродажба, производство, сметководство и финансии.

Секојдневно се следат и имплементираат промените и законите во сметководство.

Секојдневно се следат трендовите на најнапредните ERP решенија. Располага со DMS (Document Мanagement System), онлајн далечинско работење.

Прочитајте повеќе на https://www.datalab.com.mk/

ДДСофт како Даталаб партнер има комплетна понуда на пантеон лиценци како и имплементација и поддршка.

Дополнително нудиме имплементација на алатки за решавање на:

  • Наплата на побарувања
  • Подобрување на процесот на продажба
  • Модерни алатки за организација на производствен процес
  • Процедури за човечки ресурси
  • Бизнис планирање и следење на реализација на целите на фирмата

Trusted by some of the biggest brands

spaces-logo-white
next-logo-white
hemisferio-logo-white
digitalbox-logo-white
cglobal-logo-white
abstract-logo-white

Подготвени сме и достапни да Ви помогнеме

Контактирајте нѐ и дозволете да го трансформираме вашиот бизнис од почеток

15 години во e-commerce индустријата

Нашиот искусен тим ќе ви даде насоки за водење он-лајн бизнис, базирани на долгогодишно искуство. Редовно ја ажурираме нашата експертиза, ги следниме најновите трендови во е-трговијата и редовно ги интегрираме во нашите решенија. Нашите услуги се прилагодени за да ги задоволиме вашите потреби и да го зголемиме Вашето присуство на интернет.

Pantheon ERP партнер

Ние нудиме услуги за имплементација и одржување на Pantheon ERP системот, со цел да Ви овозможиме ефикасно водење електронска трговија. Нашиот тим е оспособен да го прилагоди Pantheon ERP соодветно за Вашите потреби. Преку персонализирана имплементација и континуирана надградба на Pantheon ERP системот, ние Ви овозможуваме побрз раст и оптимизирано управување со материјалните и финансиските токови во Вашиот дигитален бизнис.

Професионален WEB Hosting

ДДХост е 17 години во веб хостинг бизнисот и моментално опслужува преку 2000 клиенти. Располагаме со наши дедицирани сервери оптимизирани за e-commerce платформи. Серверите се брзи и стабилни, базирани на cloud инфраструктура, со последни генерации на софтвер, антивируси и заштити. 24/7 се грижиме за достапноста на Вашата страница. Вршиме редовен бекап на податоците, на неколку локации во Европа.

Поддршка 24/7 преку тикет систем

Брзо отстранување на проблеми и комплетна поддршка при работењето. Совети и консултации за подобрување и оптимизирање во работењето и управувањето со Вашата он-лајн продавница.

Он-лајн маркетинг и датаентри

Нудиме комплетна услуга за одржување на Вашата веб страница, внесување слики и описи на продуктите. Дополнителна понуда за он-лајн маркетинг на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, LinkedIn) како и е-мејл маркетинг.

MagnetiX интеграција

Иновативно автоматизирано решение кое нуди предности во секој аспект од Вашиот он-лајн бизнис.

  • Ефикасна искористливост на ресурсите
  • Двонасочна синхронизација на податоците

  • Зголемена брзина на реализирање нарачки

  • Автоматизирано фактурирање и наплата

  • Напредни извештаи и анализи

  • Обезбедено хостирање и поддршка

  • Достапност 24/7