Имаме огромно задоволство да објавиме дека DDSoft и оваа година се приклучува како партнер во четвртото издание на иницијативата „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol. 4“
Овој значаен проект, имплементиран од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија со поддршка од Visa, продолжува да го трасира патот за дигитална трансформација на нашите локални бизниси
Како компанија која верува во потенцијалот на македонските претприемачи, DDSoft е тука да понуди техничка поддршка и софтверски решенија за сите оние кои сакаат да го прошират својот бизнис во дигиталниот свет
Што вклучува овогодинешниот јавен повик? Вкупно 15 избрани компании ќе имаат уникатна можност да добијат
- Вредносен пакет од 1.000 евра за отворање на сопствена е-продавница преку маркетплејс платформи или сопствено софтверско решение со наша поддршка
- Бесплатна практична обука за дигитални вештини, менаџирање на е-продавница и дигитален маркетинг
- Маркетинг промоција насочена кон зголемување на онлајн продажбата
- Сертификат за успешно завршена обука од АЕТСМ
Кој може да учествува? Јавниот повик е наменет за микро, мали и средни претпријатија кои моментално не ги продаваат своите производи онлајн и не биле претходно поддржани од АЕТМ
Не го пропуштајте рокот! Пријавувањето е отворено до 20.07.2026 година (23:59 часот)
Аплицирајте денес и дозволете DDSoft да биде вашиот партнер во градењето на успешна е-продавница!
Зошто да отворите онлајн продавница?
Во денешниот дигитален свет, присуството на интернет е клучно за успехот на секој бизнис. Отворањето на е-продавница ви овозможува:
- Достапност 24/7: Вашите производи се достапни за купување во секое време.
- Поширок пазар: Достигнете до клиенти надвор од вашата локална заедница.
- Намалени трошоци: Онлајн продавниците често имаат пониски оперативни трошоци.
- Подобро разбирање на клиентите: Следете ги навиките на купување и прилагодете ја понудата.
Зошто да го изберете ДДСофт?
ДДСофт има повеќе од 15 години искуство во развој на е-трговски решенија. Нашиот тим нуди:
- Прилагодени решенија: Разбираме дека секој бизнис е уникатен и нудиме решенија кои одговараат на вашите специфични потреби.
- Интеграција со Pantheon ERP: За поефикасно управување со вашите деловни процеси.
- 24/7 поддршка: Нашиот тим е секогаш тука за вас.
- Професионален веб хостинг: Брзи и сигурни сервери оптимизирани за е-трговија.
- Маркетинг и поддршка: Помош при внесување на производи, маркетинг на социјални мрежи и е-мејл кампањи.
Со ДДСофт, не само што добивате техничко решение, туку и партнер кој ќе ви помогне да го развиете вашиот онлајн бизнис.


