Почитувани,

Сакаме да ве известиме, денес потпишавме партнерски договор со компанијата Даталаб МК, која е најголем понудувач на деловен софтвер во југоисточна Европа, со повеќе од 80.000 корисници во 12 држави со постојан раст на бројот на задоволни корисници.

Проблемот со наплата е еден од најголемите проблеми на компаниите во Македонија. Со просечно 125 дена задоцнето плаќање, кое во помалите компании доаѓа и до 180 дена задоцнето плаќање, проблемот на НАПЛАТА станува прашање на преживување.

Преку технологија, обука и работни процедури – работиме ЗАЕДНО со тимот на Даталаб за да обезбедиме ЕФИКАСНИ процедури за наплата, кои вклучуваат:

  • Процедура за телефонско јавување за наплата
  • Процедура за потсетување преку СМС
  • Процедура за e-mail потсетувања, опомени, опомени пред тужба
  • Блокирање на компаниите / лимитирање на долгот

Технологијата и тренингот можат значително да ја подобрат наплатата, што е еден од најчестите проблеми во Македонија и во соседните држави.

Тимот на Даталаб успешно имплементираше нова процедура за наплата во голем број компании. Пакетот за подобрување на НАПЛАТА го имплементираме директно кај нашите корисници, но организираме и предавања во нашиот ТРЕНИНГ ЦЕНТАР. Преку оваа обука, корисниците се запознаваат со техниките и процедурите за подобрување на процесот на наплата на побарувања.

Ви стоиме на располагање да организираме состанок, за да Ви ги покажеме практичните решенија за унапредување на деловните процеси во вашата компанија.

Поздрав,
ДДКом

Подготвени сме и достапни да Ви помогнеме

Контактирајте нѐ и дозволете да го трансформираме вашиот бизнис од почеток