Почитувани,

Предпродажниот процес, покрива широка лепеза на активности, кои продажниот тим треба да ги превземе, за да се случи самата продажба и фактурирање на продуктите и услугите на компанијата. Најчесто сите овие активности се одвиваат без соодветни алатки, и без можност за координација на тимот за продажба.

Нашата партнерска компанија Даталаб, изгради свои алатки и техники за продажба и продажен менаџмент, со кои се подига квалитетот и успехот во продажниот процес. Пакетот за продажба и продажен менаџмент, ги обезбедува компаниите со продажните алатки кои се неопходни во процесот на продажба:

– Модул за креирање на понуди со продажни статуси на понудите

– Модул за креирање на договори

– Дизајн на понуди кои ги вклучуваат сите елементи кои се очекуваат денес:

  • Профил на компанијата
  • Слика на понудените продукти
  • Технички опис на продуктите
  • Алтернативи на понудените продукти
  • Комерцијални услови
  • Резиме на понудата
  • Дизајн на договори со сите неопходни правни елементи

Преку имплементација на пакетот, добивате дефинирани продажни статуси, со што менаџерите за продажба добиваат повеќе анализи, кои се неопходни во продажниот менaџмент:

– Анализа на потенцијалот на продажната инка (sales funnel analysis)

– Графички преглед на сите продажни прилики според статусот (Kanban View)

– Проценка на отворените понуди (sales forecast value)

– Анализа по комерцијалисти, типови продукти, купувачи, региони

Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може транспортните процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри.

Ви стоиме на располагање да организираме состанок, за да Ви ги покажеме практичните решенија за унапредување на деловните процеси во вашата компанија.

Поздрав,

ДДКом

Подготвени сме и достапни да Ви помогнеме

Контактирајте нѐ и дозволете да го трансформираме вашиот бизнис од почеток