Почитувани,
Предпродажниот процес, покрива широка лепеза на активности, кои продажниот тим треба да ги превземе, за да се случи самата продажба и фактурирање на продуктите и услугите на компанијата. Најчесто сите овие активности се одвиваат без соодветни алатки, и без можност за координација на тимот за продажба.
Нашата партнерска компанија Даталаб, изгради свои алатки и техники за продажба и продажен менаџмент, со кои се подига квалитетот и успехот во продажниот процес. Пакетот за продажба и продажен менаџмент, ги обезбедува компаниите со продажните алатки кои се неопходни во процесот на продажба:
– Модул за креирање на понуди со продажни статуси на понудите
– Модул за креирање на договори
– Дизајн на понуди кои ги вклучуваат сите елементи кои се очекуваат денес:
- Профил на компанијата
- Слика на понудените продукти
- Технички опис на продуктите
- Алтернативи на понудените продукти
- Комерцијални услови
- Резиме на понудата
- Дизајн на договори со сите неопходни правни елементи
Преку имплементација на пакетот, добивате дефинирани продажни статуси, со што менаџерите за продажба добиваат повеќе анализи, кои се неопходни во продажниот менaџмент:
– Анализа на потенцијалот на продажната инка (sales funnel analysis)
– Графички преглед на сите продажни прилики според статусот (Kanban View)
– Проценка на отворените понуди (sales forecast value)
– Анализа по комерцијалисти, типови продукти, купувачи, региони
Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може транспортните процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри.
Ви стоиме на располагање да организираме состанок, за да Ви ги покажеме практичните решенија за унапредување на деловните процеси во вашата компанија.
Поздрав,
ДДКом